Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, по вчерашната тешка победа против Реал Сосиедат благодарение на голот од пенал на Лео Меси, нагласи, дека ВАР системот го одредил победникот.
„Имавме добра контрола на теренот. Направивме повеќе шанси од противникот. Победивме благодарение на ВАР. Не ја видов добро ситуацијата со пеналот, бев далеку на клупата” – вели тренерот на Каталонците.
„Знаевме дека натпреварот ќе биде многу тежок. Нашиот противник имаше 6 победи вклучително и против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“. Тие се финалисти во Купот на кралот и располагаат со квалитетни фудбалери кои можат да ја држат топката” – вели тренерот на Барселона.

