Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ја коментираше победата на неговата екипа над Еспањол со 1:0 во натпревар од 35. Коло на Ла Лига.
„Денес имавме одличен натпревар. Нашата игра беше многу тешка и комплицирана поради одбраната на Еспањол која беше многу густа и затворена. Немавме слободен простор и притисок да пробиеме. Што се однесува до недостатокот на удари на голот во првото полувреме, можам да кажам дека ни беше тешко. Противникот имаше многу играчи во шеснаесетникот, а играњето кога има толку многу играчи не е лесно. Во случај на исклучувањето на Ансу Фати, видов дека тој најпрво стигна до топката, но тоа беше контроверзен момент. Но, моментот на исклучувањето беше многу важно, најнапред ни ги поремети плановите, но со исклучувањето и на играч на Еспањол се отвори поголем простор што го искористивме“ изјави Сетиен.

