Барселона и Баерн Минхен денеска ќе се сретнат во рамките на четврт-финалето во Лигата на фудбалските шампионите а сите погледи ќе бидат насочени кон двете ѕвезди, Лео Меси и Роберт Левандовски.
Аргентинецот е движечка сила на шпанскиот тим додека Полјакот го има главниот збор во нападот на Баварците. Тренерот на Барса, Кике Сетиен, гледа со пиетет кон противничкиот напаѓач, но, потенцира дека Меси е класа пред другите.
„Левандовски е супер фудбалер, но, мислам дека не е на нивото на Лео. Јасно е дека е во одлична форма и дека добро му помагаат соиграчите. Меси ќе мора да има поддршка од целиот тим“ – вели Сетиен.