Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, по вчерашната елиминација од Атлетик Билбао во 1/4-финалето на Кралскиот Куп, вели дека е задоволен само од играта на неговиот тим.
„Јас сум долго време во фудбалот и знам дека има натпревари на кои постигнувате еден гол и победувате или ќе направите 10 шанси а ќе загубите. Не знам дали е тоа резултат на доверба, инспирација или нешто друго. Тоа се работи што ниту тренерите ниту играчите не можат да ги контролираат“- рече тренерот на Барса.
„Не ја видов ситуацијата со картонот на Де Јонг за симулирање. Ми беше кажано дека имало прекршок, но, не сакам да ги коментирам одлуките на судијата“ – додаде Сетиен.