Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, не знае дали ќе остане на клупата во текот на летото и дали ќе го води тимот на реваншот со Наполи во Лигата на фудбалските шампиони.Откако неговиот состав ја загуби битката за титулата во Ла Лига, Сетиен е свесен дека промени мора да има.
„Се надевам ќе бидам тренер на Барселона во ЛШ, не знам. Се согласувам со Меси за одредени работи. Мора да бидеме самокритични. Направивме напори да се подобриме, но, не успеавме“ – вели тренерот на шпанскиот тим.
„Сите сме свесни дека не ги исполнивме очекувањата на навивачите и тие имаат право да се лутат. Вчерашниот пораз од Осасуна само ги поврди анализите дека играме без континуитет“ – вели Сетиен.