Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, вели дека вчерашниот пораз во Ел Класико од Реал Мадрид нема да влијае негативно во неговата екипа која очигледно не успева да ја пронајде посакуваната форма. Каталонците загубија со 2-0 по што „кралевите“ се вратија на челната позиција на табелата со еден бод предност.
„Тоа што се случи нема никакво значење за мојот состав. Има многу мечеви до крајот на асезоната и се миже да се случи“- потенцираше тренерот на Барса.
„Имавме добра игра во првиот дел, но, во второто полувреме тие беа подобар противник. Треба да продолжиме да работиме и да ја подобриме нашата игра. Долга е сезоната и ќе има уште промени на врвот на табелата“ – потенцираше Сетиен.