Анастасија Севастова ја запре Американката Слоан Стивенс на патот кон одбраната на титулата на УС Опен. Во денешниот прв четврфинален меч во женска конкуренција, Летонката во два сета со 6:2 и 6:3 ја совлада третата фаворитка на турнирот и обезбеди пласман во полуфиналето.
Севастова, која го одигра својот трет последователен четвртфинален меч во Њујорк, го постигна својот најдобар резултат. Во моментов 18-тата на ВТА листата, го обезбеди своето петто полуфинале во кариерата.