Шпанскиот тим Севиља официјално го претстави својот нов фудбалер Алеиш Видал. Договорот на дефанзивецот е за период од четири години.
28-годишниот Видал се враќа во Севиља по три сезони поминати во Барселона. Одбрандбениот фудбалер го носеше дресот на Севиља во 2014 и 2015 година.
„Мојата единствена цел беше да се вратам овде. Имаше доста понуди од странство, каде нудеа многу пари. Се враќам тука, каде бев среќен. Луѓето ме познаваат и знаат дека се што правам не е заради пари. Ме водеа моите спортски чувства”, изјави Видал за време на неговиот настап при престаувањето. Дефанзивецот ја освои Лига Европа со Севиља во 2015 година. Тогаш го забележа дебито во шпанскиот национален тим.