Севиља и Хетафе би можеле да влезат во трансфер битка за напаѓачот на Фортуна (Дизелдорф) Кенан Караман, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Турскиот репрезентативец игра одлично во Бундеслигата, каде веќе има 6 гола на 12 натпревари. Единствениот проблем е што тој страда од повреди и затоа има одиграно толку малку натпревари во текот на сезоната.
Спортскиот директор на Севиља, Мончи има намера да го освежи нападот на тимот во текот на летото и го сврти вниманието кон Караман. Од „Рамон Санчез Писхуан“ размислува да го продадат Мунир Ел Хадади и ќе бараат замена за него. Во исто време и на Хетафе му се допаднаа квалитетите на Караман и внимателно ја следат ситуацијата околу него.
Овој играч има откупна клаузула од 1 милион евра доколку Фортуна испадне од елитата, а тоа е сосема можно, бидејќи составот од Дизелдорф во моментов е во зоната на испаѓање. Фенербахче, Фиорентина и Аталанта исто така се заинтересирани за напаѓачот и можат да се приклучат во битката за неговиот потпис.