Поранешниот француски репрезентативец и екс-фудбалер на ПСЖ Хатем Бен Арфа ќе избира меѓу Севиља и Борусија (Дортмунд) каде ќе биде неговата следна станица во кариерата.
Според „Ел Мундо Депортиво” двата тима пројавуваат интерес кон него и го сакаат по секоја цена во своите редови.
Во моментов тој е слободен агент откако неговиот договор со ПСЖ истече и на крајот не беше обновен, а престојот на овој фудбалер во француската престолнина беше неубедлив и тој играше периферна улога во тимот.
Можно е Бен Арфа да одлучи да остане во неговата родна Франција, каде што исто така има интерес, а тоа се клубовите Олимпик Лион и Сент Етјен кои се подготвени да го нагажираат во своите редови.