Столе Димитревски во јуни го завршува договорот со Рајо Ваљекано, па за него има сериозен интерес и од други клубови кои сакаат да го донесат во своите редови следната сезона. Во Шпанија за него сериозно е заинтересиран тимот на Севилја, клуб кој има најмногу освоени пехари во Лигата на Европа.
Извори на „Ел Чирингито“, велат дека Севилја му нуди богат договор на Македонецот, многу поголем во однос на тој што сега го заработува во Ваљекано. Голманот има понуда вредна два милиони по сезона што секако е далеку повисока од сегашната од 800.000 евра.

