Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Моура призна дека постои можност за негова преселба во Севиља. Во последните денови се појавија информации за интересот на шпанскиот клуб за Бразилецот, кој е подготвен да се пресели на „Рамон Санчез Писхуан“ доколку дојде до вистинска понуда.
„Не знаев за интересот од Севиља. Но, тоа е голем клуб, слушнав добри работи за градот, а исто така и тимот игра во Ла Лига, што е лига што многу ја сакам бидејќи таму играат технички фудбал и тоа ќе одговара на мојот стил. Ајде да видиме што ќе се случи. Имам договор со Тотенхем уште една година. Смирен сум и живеам од ден на ден. Концентриран сум на мојата игра оваа сезона“, изјавил Моура.