Холандскиот интернационалец и репрезентативец Квинси Промес ќе ја продолжи својата кариера во Шпанија.
Спартак (Москва) ја прифати понудата на Севиља и фудбалерот веќе заминал за Андалузија, каде му претстои да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со својот нов тим.
Од Севиља се насочија кон Промес, откако во последен момент нивната главна трансферна цел Мариано Дијаз се врати во Реал Мадрид. Ова ги натера челниците на клубот од „Рамон Санчез Писхуан” да влезат во преговори со Спартак за 26-годишниот Холанѓанец. Договорот ќе донесе околу 20 милиони евра во касата на Спартак Москва.
Тренерот на Севиља, Пабло Мачин, не крие дека очекува трансферот да биде финализиран што е можно поскоро. Покрај Промес, Севиља ќе го купи играчот од средниот ред на Жирона Порту.
„Тие се добри играчи кои ќе одговараат на нашиот стил на игра. Ако се подготвени да работат и да го стават тимот над нивните лични интереси, тие ќе имаат успех “, коментираше Мачин.