Тренерот на Севиља, Диего Алонсо, доби отказ по саботниот пораз на домашен терен од Хетафе со 3-0.
48-годишниот Уругваец ја задржа својата функција нешто повеќе од два месеци, а Андалузијците забележаа само две победи под негово водство, од кои и двете дојдоа во Копа дел Реј.
Во првенството и во Лигата на шампионите, Севиља не оствари ниту една победа.
Диего Алонсо е четвртиот отпуштен тренер на Севиља само од почетокот на минатата сезона. Пред него истата судбина ја имаа и Хулен Лопетеги, Хорхе Сампаоли и Хозе Миндилибар.

