Раководството на Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли без да го чека крајот на сезоната во Примера, па дури и натпреварите од Лига Европа против Манчестер Јунајтед, објави „Марка“.
Севиља е на 14. место на табелата по 26 кола одиграни во шпанското првенство, со само два бода над зоната за испаѓање. Последното нешто што го скрши трпението на сопствениците на Севиља беше поразот во мечот со Хетафе со резултат 0:2 викендов. Хозе Луис Мендилибар може да го замени Сампаоли, со кого деновиве се решаваат деталите за раскинувањето на договорот.
Баскискиот тренер е без работа од минатата година, кога на средината на сезоната доби отказ од Алавес. Неговата предност е искуството во борбата за одржување на место во елитната дивизија, што ќе треба да го направи замената на Сампаоли во Севиља. Следниот првенствен натпревар Севиља ќе го одигра на 1 април против Кадиз.