Познато е името на новиот тренер на Севиља. Андалузијците одлучија на клупата на оваа екипа да седне Пабло Мачин.
Тој ќе биде официјално претставен откако ќе го раскине договорот со неговиот сегашен клуб Џирона. Мачин направи договор за неговите лични услови со Севиља, потпишувајќи за период од две години. Џирона ќе добие обештетување од 1 милион евра, бидејќи тренерот има договор за уште една година со каталонскиот клуб.
Мачин ги импресионираше сите во Шпанија со првиот настап на Џирона во Ла Лига, а оваа сезона ја завршија на за нив одличното 10-то место на табелата .