Фудбалерите на Севилја по 6 пат го освоија победничкиот пехар во Лигата на Европа или поранешниот Куп на УЕФА. Шпанскиот состав и во шестото финале успеа да дојде до пол погодок откако славеше против италијанскиот Интер со 3 спрема 2.
Италијанците поведоа во 5 минута со голот од пенал на Лукаку по што на сцена стапи Де Јонг кој со головите во 12 и 33 минута направи пресврт. Сепак радоста на Шпанците траеше кратко бидејќи Годин по само две минути донесе изедначување на стадинот во Келн.
Голот за победа на Севилја падна во 74 минута кога Диего Kарлос со атрактивни „ножички“ ја упати топката кон голот на противникот а Лукаку реагираше невешто и ја погоди сопствената мрежа.