Севиља по втор пат во историјата ќе се сретне во решавачкиот натпревар од Лигата на Европа со екипа од Италија. Шпанскиот клуб се пласираше во финалето на европскиот куп откако во реванш полуфиналниот натпревар го совлада Јувентус по продолженија (2:1). Првиот натпревар во Торино заврши со резултат 1:1.
Во финалето на Лига Европа, Севиља ќе игра со италијанската Рома која во полуфиналето го помина германскиот Баер Леверкузен (1:0 во Рим и 0:0 во Леверкузен). Одлучувачкиот натпревар на турнирот ќе се одигра на 31 мај на „Пушкаш арената“ во Будимпешта со почеток во 21 часот.
Претходно, Севиља играше во финалето на Лига Европа – 2019/2020 со италијанскиот Интер во Келн и победи со резултат 3:2. Во тоа натпреварување се одигра и нивниот единствен меѓусебен дуел каде Севиља играше со Рома на 06.Август 2020 година и победи со 2:0 во 1/8 финалето.