Шпанската Севиља е заинтересирана за играчот од средниот ред на Ајакс Хаким Зијеш и се подготвени да платат 30 милиони евра за 26-годишнот марокански репрезентативец.
Овој фудбалер одигра 29 натпревари во шампионатот на Холандија минатата сезона, а притоа постигна 16 гола и 21 асистенција. На 17 средби во Лигата на шампионите, играчот постигна 5 гола и 4 асистенции.
Ајакс минатата сезона стана шампион на Холандија. Во 34 натпревари, тимот од Амстердам постигна 86 поени. Во Лигата на шампионите, екипата предводена од Ерик Тен Хаг стигнаа до полуфиналето, каде што загубија од Тотенхем (1: 0, 2:3).
Хаким Зијеш е во Ајакс од 2016 година. Претходно, тој ги бранеше боите на Твенте и Херенвен. Неговиот договор со тимот од Амстердам е до 30 јуни 2021 година. Изминатите денови екипата на Ајакс потпиша договор со Квинси Промес, поранешен играч на Севиља и Спартак Москва.