Фудбалскиот состав Севилја, објави, дека Кике Санчез Флорез, ќе седне на кормилото кај бранителот на пехарот во Лигата на Европа.
Шпанецот кој потпиша договор до 2025 година, е дури третото име од почетокот на сезонава на стадионот – „Санчез Писхуан“. Пред него таму работеа Мендилибар и Диего Алонсо.
Новиот тренер на Андалузијците претходно работеше во екипите на Валенсија, Бенфика, Атлетико Мадрид и Вотфорд. Последниот ангажман го имаше во Хетафе.

