Севиља е заинтересирана за потписот на напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, чиј договор со италијанскиот тим истекува на крајот од следната сезона, објави Тутомеркато.
Според истиот извор, двете страни веќе преговарале за трансфер на 33-годишниот чилеански напаѓач. Санчез е во Интер од 2019 година. На 109 натпревари за тимот, напаѓачот постигна 20 гола и 23 асистенции.
Алексис Санчез претходно играше во шпанската лига за Барселона од 2011 до 2014 година.