Севиља е заинтересирана за поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа. Договорот на 32-годишниот голман истече и не беше продолжен.
Така Де Геа може да потпише со Андалузијците како слободен играч.Севиља моментално го има Јасин Боно н аголот, но за него се зборува дека се заинтересирани ПСЖ и Баерн Минхен. Така, доколку дојде до трансфер на Мароканецот, од „Рамон Санчез Писхуан“ планираат да го заменат со Де Геа.
За Де Геа се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија, но засега тој преферира да остане во Европа. Пред извесно време тој беше поврзуван и со Пари Сен Жермен. Шпанецот помина 12 години на „Олд Трафорд“ откако дојде во клубот од Атлетико Мадрид во 2011 година. За „црвените ѓаволи“ одигра 545 меча. Во Манчестер Јунајтед освои 1 титула во Премиер лигата, 1 Лига Европа, 2 Лига Купа и 1 ФА Куп како и 3 ФА Суперкупа.