Сезоната 2019/20 година во италијанската Серија Ц е прекината откако клубовите се договорија за конечниот пласман.
Во Серија Б се пласираат Монца, Виченца, Реџина и евентуално Карпи на сметка на Бари, и нема да има испаѓање. На вчерашната средба, клубовите се согласиле дека нема да можат да ги исполнат сите медицински услови кога би продолжила сезоната.
Карпи влегува во Серија Б врз основа на меѓусебните дуели во однос на Бари. Одлуката за прекинување на сезоната мора да ја донесе италијанската фудбалска федерација во текот на денешниот ден.
„Ова е најдобрата средба на која присуствував. Сакам да им се заблагодарам на сите 60 клуба кои покажаа одлично чувство за одговорност”, изјави првиот човек на Легија Про, Франческо Гирели.