Еден од поискусните фудбалери во редовите на Струга Трим Лум, Бунјамин Шабани, на денешната средба со новинарите пред финалето на Купот со Вардар, вели дека екипата е насочена кон успех.
„Играме многу важен натпревар против Вардар. Сите ќе го дадеме максимумот и мислам дека како екипа можеме да дојдеме до трофејот. Ние сме искусни играчи и живееме за овој тип натпревари. Мислам дека нема да биде проблем фактот што играме во Скопје и покрај односот на навивачи на трибините“ – рече Шабани.
„Позади нас имаме големи натпревари дури и во Европа, па тоа е наша предност. Претходните натпревари со Вардар не значат ништо, утре играме сосема нов меч. Нијанси ќе го решат ова финале“ – потенцираше Шабани.

