Машката и женската шаховска репрезентација на Македонија почнаа со победи на 43. Шаховска Олимпијада во Грузија. Во премиерното коло нашите шахисти извојуваа победи против селекцијата на Брунеи со 4:0, а со истиот резултат тргнаа и дамите.
На првата табла Владимир Георгиев славеше над Омар Ак Хира, а победи извојуваа и Панчевски, Недев и Николовски на останатите три табли.
Во женска конкуренција на дуелот со Свазиленд обезбедивме убедливи 4:0. На првата табла со бели фигури Бејатовиќ беше подобра од Носимило, а исто така сигурни победи обезбедија и Коскоска, Николовска и Петровска на останатите три табли.