По вчерашните убедливи победи во премиерното коло над репрезентациите на Брунеи (мажи) и Свазиленд (жени), нашите шаховски репрезентации денеска ќе го имаат и вториот настап на Шаховската олимпијада во Грузија.
Во Батуми, мажите денеска за противник ќе ја имаат селекцијата на Молдавија, додека дамите ќе имаат исто така сериозен противник во селекцијата на Унгарија. Во машка конкуренција почнуваме на првата табла со Кирил Георгиев кој со црни фигури ќе почне против Бологан. На следните три табли за Македонија ќе играат Владимир Георгиев, Панчевски и Недев. Кај дамите, на првата табла Бејатовиќ ќе игра со црни фигури против Хоанг, додека на останатитетри табли ќе се појават стојковска, Коскоска и Петровска.