Манчестер Јунајтед и украински Шахтјор ги интензивираа преговорите за купопродажба на еден од најдобрите фудбалери на Украинците оваа сезона, Фред.
Според весникот „Телеграф“, клубот од Доњецк ги известил Англичаните дека е подготвен да го продаде бразилскиот фудбалер, но само за износ од околу 60 милиони евра.
Во зимскиот трансфер период за Фред активно беше заинтересиран Манчестер Сити, достави предлог до Шахтјор вреден 50 милиони евра, но „рударите“ го отфрлија.