Екипата на Шахтјор од Доњецк денеска и официјално го потврди трансферот на Бразилецот Жуниор Мораеш од Динамо (К). 31-годишниот напаѓач во Шахтјор доаѓа од најголемиот конкурент на тимот во лигата, што веројатно ќе предизвика и негодувања кај навивачите на двата тима.
Договорот на Мораеш со Шахтјор е на две години, заклучно со летото 2020 година. Минатата сезона искусниот фудбалер одигра 18 меча за Динамо постигнувајќи 5 гола.