Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, откри дека е подготвен за нови предизвици откако деновиве се појавија шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран италијанскиот состав Лацио.
„Фудбалот ми помогна да реализирам многу соништа. Имав среќа да играм во големи тимови и да освојам многу награди. Мојот договор со Ливерпул истекува во 2022 година“ – изјави Шакири за „Кориере дело Спорт“.„
„Го следам Лацио подолго време. Би сакал да играм повеќе напаѓачки фудбал а Маурицио Сари го практикува тоа “ – рече репрезентативецот на Швајцарија.