Фудбалерот, Џердан Шаќири, денеска е промовиран како најново засилување за францускиот состав Олимпик Лион. Тој беше купен од Ливерпул за вкупно 11 милиони евра кои ќе бидат платени во две рати.
Договорот на играчот е до летото во 2024 година. Шакири кој помина три години на „Енфилд“, одигра 63 натпревари со ефект од 8 голови и 9 асистенции. Тој со „црвените“ ја освои титулата во Англија, Лигата на шампионите, Европскиот Супер-куп и Светското клупско првенство.
Шаќири има играно за Базел, Баерн Минхен, Интер и Стоук Сити. 29-годишниот фудбалер има 96 настапи и 26 голови за репрезентацијата на Швајцарија.