Фудбалерот од средниот ред на француски Лион и некогашен првотимец на Ливерпул, Џердан Шаќири кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, Чикаго ќе плати 7 милиони евра за трансферот на 30-годишниот фудбалер,а условите за личниот договор со играчот се веќе договорени. Се е подготвено за потпис на документите.
Оваа сезона Шаќири одигра 11 натпревари во Лига 1 и постигна два гола.