Шалке го отпушти главниот тренер Мануел Баум и го назначи Хуб Стевенс да како негова замена.
Шалке е во невидена лоша серија од 28 натпревари во Бундеслигата без победа, а од почетокот на оваа сезона освоија само 4 бода од 12 натпревари. Во средата, Шалке загуби со 0:2 од Фрајбург на домашен терен, што се покажа како последен натпревар за Баум на чело на тимот.
Баум (41) беше на кормилото на Шалке помалку од три месеци. Тој беше назначен за главен тренер на 30-ти септември на местото на Давид Вагнер, кој доби отказ по само две рунди. За 67-годишниот Стевенс ова ќе биде четврти пат на кормилото на тимот со кого го освои Купот на УЕФА во 1997 година.
Холанѓанецот има задача да го добие претстојниот првенствен натпревар со Арминија Билефелд за време на викендот, како и мечот со Улм во германскиот куп во вторник.

