Учесникот во Лигата на Шампионите, Шалке 04, го привлече мароканскиот дефанзивец, Хамза Менди од францускиот фудбалски состав Лил. 20-годишниот лев бек потпиша петгодишен договор со германскиот клуб а трансферната сума е околу 7 милиони евра.
„Извесен период го следевме Хамза и задоволни сме што го ангажиравме. Тој ќе ни го даде токму тоа што ни треба на левата страна во одбраната – брзина, динамика и вклучување во нападот” – искоментира тренерот на Шалке, Доменико Тедески.
Менди кој настапи за Мароко на годинешниов Мундијал во Русија, може да дебитира наредниот викенд против Волфсбург на стартот на Бундеслигата.