Шалке е заинтересиран за фудбалерот на Интер Жоао Марио. Португалецот е на листата на потенцијални засилувања и кај Севиља, Бетис и Рубин Казан.
Фудбалерот кој пристигна на “Сан Сиро” во текот на летото 2016 година за 40 милиони евра од Спортинг Лисабон, не успеа да се наметне и во минатата сезона играше како позајмен во Вест Хем.
Жоао Марио не е во плановите на Лучијано Спалети за оваа сезона и Португалецот сега бара нов клуб, каде ќе ја продолжи кариерата. Се вели дека желбата на играчот од средниот ред е да се пресели во клуб во Шпанија.