Дефанзивецот на Шалке 04, Жан-Клер Тодибо, нема да остане во тимот по крајот на сезоната. Тој е во сопственост на Барселона, но игра за Шалке на позајмица.
Имаше клаузула во договорот меѓу двата клуба што му овозможува на Шалке да го купи за 25 милиони евра, но не беше активирана. „Клаузулата повеќе не е активна. Истече на 31 мај“, потврди спортскиот директор на Шалке, Јохен Шнајдер.
Досега Тодибо има одиграно 8 натпревари во Бундеслигата. Англискиот тим Евертон е заинтересиран за него. За разлика од Французинот, Шалке сака да задржи уште еден играч кој е на позајмица од Барселона. Левиот бек Хуан Миранда не е стартер, но во Гелзенкирхен гледаат голем потенцијал во него и сакаат да го ангажираат уште една сезона.