Само што започна продолжението од сезоната во Германија, а веќе дојдоа и првите проблеми за екипите. Шалке ќе биде без Жан-Клер Тодибо и Амин Арит на неодредено време.
Двајцата се повредени за време на дербито со Борусија (Дортмунд) минатата сабота, во кое оваа екипа загуби со убедливи 4:0. Дефанзивецот кој дојде од Барселона има повреда на зглобот, додека Мароканецот има повреда на коленото.
Тимот од Гелзенкирхен е на осмото место на табелата во Бундес лигата. Во недела Шалке е домаќин на Аугсбург.