Проблемите на Шалке се очекуваше да завршат со обновување на сезоната во Бундеслигата, но тоа не се случува.
Клубот од Гензенкирхен најави дека може да прогласи банкрот поради кризата со коронавирус и беше еден од оние што сакаа повторно да го започнат шампионатот. Шалке е спонзориран од рускиот енергетски гигант „Газпром“, кој обезбедува 30 милиони евра по сезона. Приходите на клубот за 2019 година се 275 милиони. Сепак, тие паднаа од 350 милиони евра кои беа претходната година и резултатот беше вкупна загуба од 26 милиони евра.
„Ситуацијата е многу сериозна и критична“, изјави член на одборот на директори Александар Јобст пред навивачите. Тој веќе им напиша на сопствениците на ВИП ложите на стадионот, барајќи од нив да се откажат од дел од парите што клубот ги враќа заради недостаток на натпревари. „Се работи за опстанок на клубот“, напиша Јобст на 17 март.
Освен оваа криза, сега клубот е и во резултатска криза која може да му донесе неиграње во Европа и дополнителни загуби. Шалке во моментов е на 9-то место на табелата со -5 на местото кое води во Европа.