Македонските женски ракометни претставници во Европскиот Куп на ЕХФ ги добија противниците.
Екипата на Ѓорче Петров која е актуелен шампион на нашава земја ќе игра со КА Пор од Исланд. Куманово ќе се сретне со изралескиот тим Рамат Ган. Металург ќе игра против грчкиот ПАОК а Чаир со Истогу од Косово.
Првите натпревари се закажани за 8/9 октомври а реваншите за една недела подоцна.