Емил Павлов, кој се врати со златен медал од неодамна завршениот Европски шампионат во карате во Нови Сад, во гостувањето на нашата програма, потенцира, дека е пресреќен што повторно се искачи на највисокото место на пиедесталот.
„Навистина е голем успех за еден млад каратист во краток период да освои две златни медали. Беше исклучително силен шампионат, имаше многу повеќекратни носители на медали од значајните собири, јас верував дека можам да постигнам одличен резултат и тоа се случи. Сакам да упатам благодарност до сите што ми дадоа несебична поддршка да ја остварам целта“ – вели Павлов.
„Првата борба со претставникот на Словачка ми беше најтешка. Бев пред пораз, но, успеав да се вратам и да го совладам .Потоа работите се одвиваа како што посакуваме со мојот тренер, Сашко Арсовски. Направивме добра стратегија и чекор по чекор дојдов до големото финале. Таму забележав сигурна победа против Италијанецот. Сега треба да се насочам на обезбедување на Олимписка виза. Ќе има многу турнири и верувам дека ќе успеам. Посакувам медал и од Светското првенство и од Олимпијадите“ – изјави европскиот шампион во гостувањето во Спортско радио 90,3 ФМ.