Екипата на Шкендија го има 161 место во новото рангирање на УЕФА што претставува и најдобар пласман на еден македонски фудбласки тим гледано низ историјата.
Тетовци во континуитет забележуваа добри настапи во меѓународната конкуренција по што акумулираните поени ги однесоа до 161 место.
Што се однесува до нашиот најтрофеен тим, Вардар, тој го држи 193. место додека Работнички е на 218. место на ранкинг листата.