Тенисерката од Русија, Марија Шарапова, објави дека предвреме ќе ја заврши тековнава сезона за да може максимално да се рехабилитира и да се подготви за предизвиците во наредната година.
Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата која сега го има 24-то место, потенцираше, дека нема да се појави на турнирите во Пекинг и во Москва иако тоа значително ќе влијае на нејзиниот рејтинг. Таа годинава најдобрите игри ги покажа во Рим кога влезе меѓу најдобрите четири како и на собирите во Англија и во Мадрид кога успеа да стигне до четврфиналето.
Од нејзиниот тим потврдија дека Шарапова, првиот настап ќе го има во почетокот на наредната година и тоа на турнирот во Шенжен.