Њукасл е заинтересиран за потписот на голманот на Јувентус, Војчех Шчесни. Оваа информација ја пренесе „Калчомеркато“.
Според изворот, зделката би можела да се случи во летото 2023 година, а од Јувентус се подготвени да го пуштат играчот една година пред истекот на договорот.
Шчесни (32) му се приклучи на Јувентус во летото 2017 година. Претходно во Италија полскиот голман настапуваше и за Рома. На седум натпревари оваа сезона, Шчесни прими шест гола и три пати имаше чиста мрежа.
Да потсетиме, Војчех Шчесни од 2005 до 2017 година беше голман на лондонскиот Арсенал, во кој освои три трофеи. Во Италија, Шчесни двапати го освои Купот и Суперкупот, а три пати стана и национален шампион.