Голманот на екипата на Јувентус, Полскиот интернационалец, Војчех Шчесни, го продолжи договорот со својата екипа, објави италијанскиот шампион на својата интернет страница.
UFFICIALE ✍ @13Szczesny13, bianconero fino al 2024!
➡ https://t.co/FqPEsNxY3l pic.twitter.com/3PNmDs1I9i— JuventusFC (@juventusfc) February 11, 2020
Актуелниот договор на Шчесни со Јувентус беше со важност до јуни 2021 година, но двете страни експресно се договориле за продолжување на соработката, која сега ќе важи до јуни 2024 година. Шчесни дојде во Торино пред три години, а ова му е втора сезона како прв голман на тимот. Интересно е тоа што откако стигна во Јувентус, стана и рекорден според еден интересен показател, а тоа е процент во натпревари без примен гол во однос на одиграните натпревари.
Досега има 61 настап, а својата мрежа ја сочува на 28 натпревари, што е приближно 46% успешност. Пред да дојде во екипата на Јувентус , тој беше голман во Рома, Арсенал и Брендфорд.