Војчех Шчесни ќе се реактивира и ќе потпише договор до крајот на сезоната со Барселона која остана без првиот голман, Андре Тер Штеген, кој има потешка повреда и ќе се рехабилитира подолг период, објавија медиумите во Шпанија.
34-годишниот ветеран кој веројатно ќе му биде резерва на Игнасио Пења, нема да може да игра на утрешниот меч со Јанг Бојс во Лигата на шампионите и против Алавеш во текот на викендот.
Шчесни има играно за Арсенал, Рома, Брентфорд и Јувентус. Тој во текот на летото се повлече од фудбалските терени.

