Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри планира да му даде пауза на голманот Војчех Шчесни за претстојниот натпревар против Сампдорија и на неговото место да го пушти Матијас Перин.
Алегри беше подготвен за сличен потег и претходно, но, претпочиташе да му даде шанса на Шчесни да се рехабилитира за лошите интервенции што ги направи во почетокот на сезоната.
Полјакот на натпреварите со Удинезе и Наполи направи големи грешки и дозволи лесно да се затресе неговата мрежа со што предизвика жестоки реакции кај фановите на „старата дама“.
