Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни, вели дека трпението кај фудбалерите и левата нога на Дибала, биле пресудни за вчерашната победа против Локомотив Москва во 3 коло во Лигата на шампионите.
„Беше голема борба за да го скршиме отпорот на гостите. Тие беа организирани во одбраната. Одличниот шут со левата нога на Дибала ја направи разликата. Локомотив беше фокусиран на одбраната и затоа моравме да ја движиме топката за да отвориме просто“ – вели голманот на Јуве.
Пауло Дибала со два погодока се погрижи да направи пресврт и да донесе триумф за „старата дама“ од 2-1. Јуве и Атлетико Мадрид со по 7 бодови се издвои на челната позиција на табелата во групата Д. Зад нив се Локомотив Москва и Баер Леверкузен.