Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Марсел Шефер, проговори за летното засилување Антонио Носа, кој беше купен од белгискиот состав, Бриж. Младиот норвешкиот фудбалер потпиша договор за пет сезони.
„Антонио одлично се вклопува во ДНК на РБ Лајпциг. Тој е млад и многу амбициозен иако има речиси 100 професионални натпревари во Клуб Бриж и во норвешката репрезентација“ – вели Шефер.
Се претпоставува дека германскиот состав за потписот на 19-годишниот Антонио ќе плати околу 20 милиони евра и дополнителни бонуси.

