Како што стојат работи Манчестер Јунајтед ќе добие нов сопственик. Според британските и катарските медиуми, нов газда на Манчестер Јунајтед ќе биде Шеик Џасим, син на поранешниот премиер на Катар, Јасим бин Џабер Ал Тани.
Од она што го објавија денес медиумите во Англија, Џасим најверојатно го победи британскиот милијардер Џим Ретклиф во битката за купување на англискиот гигант.
Во трката за клубот од „Олд Трафорд“, се чинеше дека Ретклиф ќе излезе како победник, но сепак, арапскиот газда минатата недела драстично ја зголеми понудата и очигледно тоа беше пресудниот момент.
Синоќа дел од медиумите во Катар што се блиски до шеикот објавија дека преземањето на клубот од шеикот Јасим било успешно и дека само чекаат да се официјализира договорот. Како што се наведува, шеикот Јасим платил нешто повеќе од пет милијарди фунти за клубот од Манчестер и ќе ја преземе целосната контрола.
Семејството Глејзер го води Манчестер Јунајтед од 2005 година, откако американскиот богаташ Малколм Глејзер ги купи сите акции на клубот.