Првите луѓе на фудбалскиот состав Вест Хем подготвуваат понуда за играч од средниот ред на Њукасл, Џон Шелви.
Според информациите, „чеканите“ имаат намера да понудат околу 20 милиони фунти за гологлавиот фудбалер што според медиумите треба да ги задоволи челните луѓе на Њукасл. Екипата на Вест Хем уште во текот на зимскиот трансфер период најави дека сака да го ангажира Шелви, но, тогаш не испрати конкретна понуда за 27-годишниот играч.
Во исто време, тренерот на Њукасл, Рафа Бенитез, нема намера да се раздели со Шелви доколку не му се обезбеди соодветна замена.