Американецот Бен Шелтон е победник на АТП тенискиот турнир во Хјустон откако во финалето го совлада сонародникот Френсис Тиафо со 7-5, 4-6, 6-3.
За 21-годишниот Шелтон тоа беше втора турнирска победа во кариерата откако минатата година славеше во Јапонија.
Младиот Американец на тој начин стана најмладиот победник на турнирот во Хјустон во последните 22 години, откако Енди Родик победи во 2002 година кога имаше само 19 години. Од друга страна, Тиафо го забележа петтиот пораз во финалните натпревари.